Државата планира на приватен инвеститор да му дозволи да го сруши објектот на Театар Х и на негово место да изгради нов објект од кој дел ќе биде за нови простории на театарот, а дел за деловни објекти. До крајот на декември ќе се распише и јавен оглас за градењето, а веќе се знае која фирма ќе го добие огласот. Таа фирма веќе почна и со изработка на проект, за него има добиено решение иако се уште нема јавен оглас за тоа.
↧