Некогашната авто школа XXXX во сопственост на XXXX иако веќе со години не ја поседува лиценцата за работа продолжува незаконски и со измама да придобива клиенти. Клиентот не знајќи дека авто школата повеќе не поседува лиценца му ја испаќа сумата за обука на XXX и тука почнува голготата во полагањето на возачкиот испит. Возење на паркинг со изговор дека тука е побезбедно, вежби на некогашниот полигон што веќе не е во функција и изговор дека тука е поблиску да вежбаме. Кога клиентот ќе стане свесен за измамата веќе е доцна. Во оваа измама се вклучени повеќе страни, со оглед на фактот дека XXXX без проблем се уште може во XXX да пријави клиент и истиот да се води во систем со автошколата xXXX иако истата НЕ ПОСТОИ. Во оваа измама е вклучена и авто школата XXXXX чии возила ги користи XXXX кога ќе дојде време клиентот да го полага возачкиот испит. Многу измамени, санкции никакви.
↧