Здраво. Ви пишувам бидејќи сте повеќе информирани за да можете да ме упатите кај овластените инспекторати.
Се соочувам со проблем, каде што на х метри од мојата куќа постои фирма за х. Фирмата работи од х година. Како пријавена фирма си доби работно време од Х-Хч, и сеуште, еве веќе х години нема почнато да го почитува тоа време.
Иако „фирмата“ е во населено место, работи со секаков вид на х.
Па моите прашања се:
Каде да пријавам за непочитување на работно време?
Каде да пријавам за неиздавање фискални сметки?
Каде да пријавам за бучава?
Каде да ја пријавам фирмата, бидеќи не е во индрустриска зона, и незнам кој има издадено елаборат, ако воопшто и постои?
Каде да пријавам, а да не е под локален инспекторат?
Имам видео докази и фотографии кои докажуваат дека не се почитува работното време, дека има преголема бучава. Бидејќи убеден сум дека не издава, или кога издава не пријавува точен број на продадени профили, со што го оштетува буџетот на Р Македонија.
Би Ви бил благодарен доколку ми помогнете со упатување кон точните инспекторати.
Благодарам и поздрав.
↧