A1LWSPHP / Имаше оглас во средното медицинско училиште во Битола. Се пријавив и ги доставив документите. Ме повикаа на тестирање. Оттогаш поминаа 5 месеци,а училиштето не ми доставило ништо. Немам ни известување ниту пак ОРГИНАЛНИТЕ документи не ми се вратени што е противзаконски да ми ги чува, затоа што во огласот не беше наведено дека нема да ги враќаат за да доставиме фотокопии. Разбрав дека на местото на кое се пријавив за библиотекар е примено лице кое е во роднински врски со директорката и е со несоодветно образование за таа позиција и тоа средно(наводно со економско -КК), а се бараше високо образование. Не ми е јасно како може да се дозволуваат вакви работи од страна на Државниот просветен инспекторат. Сакав да им пишам на нивната страна но таа не функционира. Се надевам дека вие ќе го средите проблемот. Фала од напред
↧